Консултациите се од исклучително значење со цел да се констатираа фактичката состојба како и иницијалниот проблем.

1. Консултација со стручно лице на местото каде што е иницирана потребата за интервенција. При посета на стручно лице се прибираат сите основни потребни информации со цел да може да се понуди соодветно техничко решение.

2. Консултации со стручно лице во просториите на Л-Децибел. При ваквиот тип на консултации, добро е клиентот да понесе и прикаже слики, цртежи и други материјали од просторот. Пред да се оствари ваквиот тип на консултации клиентот задолжително треба да се јави и да закаже термин за консултации.

3. Л-Децибел во одредени ситуации заради одредени попречување има можност да оствари консултации преку Skype и Viber.

Проектот за звучна изолација наложува секогаш да се направи длабинска анализа на ситуацијата со цел да се добијат прецизни резултати

1. Изработка на проект – комплетен (посета на терен и мерење со фонометар)

- Консултација, анализа и мониторинг на терен;

- Звучна симулација-инструментално мерење во реално време;

- Ниво на бучава предизвикана од различни извори;

- Анализа на звучен спектар;

- Различни нивоа на звук помеѓу простириите;

- Акустични параметри во затворени простории;

- Фрекфентна линеарност на аудио системи;

- Јасност на говорен индекс;

- Време на реверберација во простории;

- Преглед на акустични и звучни предиспозиции на објектот;

- Изработка на проект за акустичен третман на простор;

- Изработка на проект за звучна изолација на просторот.

2. Изработка на проект врз основа на добиени податоци од клиент

- Превземање на технички информации од клиентот;

- Анализа на податоци - студија;

- Софтверска симулација;

- Генерирање на извештај од проследена анализа;

- Изработка на проект за акустичен третман на простор;

- Изработка на проект за звучна изолација на просторот.

Видови мерења кои L-Decibel ги спроведува се:

- Ниво на звук од различни извори на бучава - комунален и индустриски;

- Анализа на звучен спектар;

- Вибрации на преградни елементи, машини и опрема;

- Различно ниво на звук помеѓу простории;

- Акустични параметри во затворени простории C50 / C80, фрекфентна линеарност на аудио системи;

- Јасност на говорен индекс

- Мерење на изолација на внатрешни и надворешни ѕидови;

- Време на реверберациа во простории.