Л-Децибел е македонска компанија која врши комплетен инженеринг за звук и акустика. Работиме активно на македонскиот пазар, а на своите клиенти им нудиме професионален пристап и третман на нивните проблеми поврзани со звукот и акустиката. Компанијата зад себе има реализирано многубројни проекти за јавни институции, приватни компании и клиенти.

Л-Децибел работи по современи методи преку соодветна и професионална- високо технолошка опрема. За нашите клиенти се грижи тим од професионалци во својата област! Работиме во насока на подигнување на нивото на нормативите што ја уредуваат заштитата од бучава.

Нашата мисија е да бидеме подобри во понатамошниот развој и целиме кон објективност и чесност со нашите клиенти. Секојдневно ги следиме најновите светски достигнувања во изработката на квалитетни изолациски материјали, ја следиме напредната технологија за намалување на бучавата и се трудиме да излеземе во пресрет на барањата на нашите клиенти, а се со цел да им овозможиме што поголема удобност, мир и спокој во нивниот дом, работно место и сл.